- Пикерот на Мешков Брест, Вјачеслав Шумак, го продолжи договорот со белорускиот првак за уште две сезони. Тој е еден од најдобрите стрелци во историјата на овој клуб по Андреј Мочалов (1396), Максим Баранов (1229) и Констанин Куриленко (944).
- 32-годишната Мари Пол Набоју, која настапува на десната бековска позиција во тимот на Тулон, во новата сезона ќе ги брани боите на Ница, која пак е предводена од македонскиот стратег Марјан Колев.
- Израелскиот десен бек Даниел Мосинди заминува од бундеслигашот Ерланген и од лето ќе ги брани боите на францускиот второлигаш Саран. Тој не можеше да се избори за голема минутажа покрај Шиме Ивиќ и Антонио Мецнер.
- Рускиот првак Ростов Дон по Едуарда Аморим Талеска, за следната сезона ја ангажираше и втората ракометарка од Ѓер, Беатрис Едвиж. Француската репрезентативка се обврза на двегодишна верност.
- Португалскиот Спортинг Лисабон би требало да биде следната дестинација на пикерот Даниел Андреев. Членот на германскиот Вилхемсхафенер, до лани беше дел од белорускиот првак Мешков Брест.
- Францускиот Истр, каде до скоро играше вардарецот Васко Шеваљевиќ, објави две засилувања за следната сезона. Станува збор за Самуел Онрубиа, кој доаѓа од Екс ан Прованс, а претходно играше за ПСЖ, како и Алжирецот Месад Беркус, кој доаѓа од ГС Петролиер.




