Пивотот на Еурофарм Пелистер, Томислав Кушан ќе отсуствува извесно време од терените откако се здоби со повреда на дуелот против Татабања.
Кушан наеднаш се пожали на болка, а теренот го напушти на носилки.
„Играм ракомет цел живот, но никогаш ни близу нема почувствувано ваква болка. Како некој да ми заби нож во долниот дел од грбот. Се играше 9. минута, трчав во одбрана и нешто ме пресече. Такво ниво на болка не можам да опишам. Во првите неколку секунди не бев свесен за ништо. Не верувам ни како е можно во само неколку секунди човек од нормална ситуација да дојде во онаа да не може да се движи“, вели Кушан за 24sata.hr
Инаку, Кушан мораше веднаш да прими инјекција уште на теренот, а засега уште не е познато колку ќе биде надвор од терените.