Екипата на Барселона продолжува со одличните игри во Лигата на шампионите, а денеска го совлада Веспрем со 37:30. Со тоа после десет одиграни средби има десет победи и е единствената која има максимални 20 поени сезонава во најсилното клупско натпреварување.
Каталонците беа подобриот противник во поголемиот дел од средбата така што немаа проблеми за да дојдат до двториот триумф против Веспрем во само пет дена. Откако минатиот четврток го совладаа Веспрем како гости со 37:34, сега уште еднаш пред своја публика се изборија за нови бодови и ја зголемија предноста пред истиот ривал на седум поени.
Во првото полувреме Барселона имаше највисока предност од три гола, 11:8, но Коралес беше одличен на голот и се спротиставуваше и создаваше грижа за домашните. Сепак, репрезентативецот на Шпанија не можеше сам против расположените ракометари на Барселона.
Откако на полувреме резултатот беше 15:15 во вториот дел сè си дојде на свое место. Ракометарите од Барселона доминираа во поголемиот дел и покажаа дека во моментов го играат најдобриот ракомет во Лигата на шампионите. Набрзина успеаја да стигнат до предност кој постојано ја зголемуваа. На крајот беше седум разлика, 37:30 со што се стигна до посакуваниот резултат за победа и нови два бода кои го потврдуваат првото место во групата Б.
Гомез Абељо со десет и Арон Палмарсон со шест погодоци беа најефикасните во редовите на Барселона. Перез де Варгас ја заврши средбата со 12 интеренции. Коралес на голот на Веспрем имаше десет одбрани, додека Маркусен беше најефикасен со осум гола. Дејан Манасков имаше еден гол од еден удар.