Мотор купи ракометар од Монпелје

Украинскиот шампион, Мотор Запорожје за следната сезона реши да го ангажира репрезентативецот на Литванија и ракометар на Монпелје, Јонас Трихановичиус. Информацијата беше потврдена и од раководството на украинскиот тим. Договорот со левиот бек на Литванија е потпишан на една година со можност за продолжување на истиот.

Литванецот има интернационално искуство и од Австрија. Со екипата на Монпелје ја освои и Лигата на шампионите, но во францускиот клуб добиваше помала минутажа оваа сезона. Последните години е предводник на неговата репрезентација.

Мотор Запорожје пред извесен период ги продолжи договорите со три клучни ракометари, Захар Денисов, Дмитро Горига и Аиденас Малашинскас. Тренер на екипата е литванскиот стратег, Гинтарас Савукинас кој има големо влијание на трансферот на неговиот сонародник во Мотор Запорожје.