Хрватската старлета Ава Карабатиќ го привлече вниманието на еден од најдобрите ракометари во светот, Микел Хансен.
Данецот ја освои титулата на последното Светско првенство во Египет и беше прогласен за најкорисен играч.
Хансен очигледно во последно време подолго време минува на социјалните мрежи, а на Инстаграм ги гледа жешките фотографии и „сториња“ на Карабатиќ и ги лајкува.
„Еден од најдобрите ракометари на светот ми ги гледа фотографиите и сторињата. Подготвена сум да го заведам со моите облини и да бидам сигурна во неговите прегратки. Му порачувам да се пази од Ава“, му порача Карабатиќ на Хансен низ хрватските медиуми.
Карабатиќ на еден од сајтовите за возрасни објавува разголени фотографии и ги наплаќа по 50 евра месечно. Дали Хансен се збунил поради презимето Карабатиќ или навистина сакал да ја „гледа“ Ава, останува мистерија.