Косоротов: Сите мислат ќе биде лесно против Македонија, ама…

Денешен ривал на Македонија на Мундијалот во Египет ќе биде селекцијата на Русија, која игра солидно под водство на новиот селектор Велимир Петковиќ.

Иако се без стандардната бековска тројка – Санталов, Атман, Шкуринскиј, сепак Русите имаат добри изданија на СП.

Еден од најистакнатите поединци е левиот бек Сергеј Марк Косоротов, кој очекува дека нема да биде лесно против нашата селекција.

„Сите мислат дека ќе биде лесно, но во никој случај нема да биде така. Сепак ние го анализиравме ривалот, се подготвувавме како и обично“, кратко изјави Косоротов за „Спорт Експресс“.

Натпреварот меѓу Македонија и Русија се игра денеска во „Каиро Стадион“ со почеток во 15:30 часот.