Најдобрата македонска судиска двојка ќе биде активна на денешниот ден од Светското првенство во Египет.
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу домаќинот Египет и незгодната селекција на Белорусија.
Тој натпревар се игра во „Каиро Стадион“ од 18:00 часот, а делегат ќе биде Швајцарецот Рат.
Драган Начевски ќе биде дел од официјалните лица на три натпревари денеска: Швајцарија – Португалија, Исланд – Франција и Норвешка – Алжир.