Репрезентативците на Шпанија дојдоа до важна победа против Германија со 32:28 и на тој начин останаа во одлична позиција во трката за подобар пласман односно во трката за четврт-финале и јасно е дека в понеделник ќе решаваат против Унгарија за првото место во групата.
После израмнетиот почеток во кој селекцијата на Германија беше во гол предност, а противникот успеваше да израмни, Шпанците после 3:4 направија 3:0 и ја презедоа иницијативата. Почнаа да го зголемуваат водството, а со тоа ја имаа и контролата така што беа во убава предност постојано.
Како што одминуваше времето така Шпанија имаше игра која им даваше убав резултат за мирно продолжение на средбата. Успеаја да стигнат најмногу до четири погодоци и да водат со 13:9, 15:11 и 16:12, но на одмор заминаа со 16:13.
Возбудувањата беа во вториот дел. Јоханес Битер успеа да се разбрани и после само неколку минути Германија го сврте натпреварот. Ги стопи овие три од полувремето и врати речиси со иста мерка односно имаше серија од 3:0 како и Шпанија во првиот дел.
Со лесна игра се дојде до убава предност од три гола, 24:21 на среината на второто полувреме и тука како да застанаа. Наеднаш падна ритамот, веќе не одеше најдобро во одбраната, а на одбраните на Битер врати Перез де Варгас кој успеа да одбрани неколку толку за целосно да се сврти натпреварот.
Во 51. минута резултот беше поинаков. Шпанија одново водеше сега со 28:25 и се доближи до победата на овој натпревар. Германците се обидоа одново да се вратат, но искусна репрезентација како оваа на европскиот првак не доволи двапати да се најде во негатива. Издржаа до крај и дојдоа до победа од 32:28.
Репрезентативците од Германија брзаа во финишот бидејќи времето им беше главниот ривал и тогаш најмногу грешеа.
Со оглед на тоа што Шпанија в сабота има лесен натпревар против Уругвај ова е одлична можност за подготовка за дербито против Унгарија во понеделник, додека Германија веќе ги загуби своите шанси и остана само теоријата како главен сојузник.