Бранителот на титулата, Данска имаше уште едно сигурно издание на Светското првенство и продолжува да чекори кон одбрана на пехарот откако денеска во првото коло од групата 2 во главната рунда, беше обезбедена победа над селекцијата на Катар со 32:23.
Репрезентативците на Катар добро се држеа против фаворитот само во почетните десетина минути. Откако Данска го презема водството и имаше предност од 2-3 разлика и без поголеми проблеми го контролираше натпреварот во продолжение.
При резултат 11:9, Данците имаа уште еден одличен период во кој со четири гола се одалечија на високи шест гола и направија недостижна предност која се покажа доволна за конечен триумф. Хансен со гол од слободен удар по истакот на времето го постави резултатот на полувремето од 17:12.
И во продолжението една екипа доминираше на теренот, а разликата постојано растеше. Катарците немаа одговор на играта на Данска. Уште на почетокот Данска зголеми на 23:13 и до крајот одигра рутински за лесна победа и нови бодови.
Со оваа победа Данска има максимални шест бода во главната фаза и значително се доближи до пласман во четврт-финалето. Данците в сабота играат против Јапонија, а в понеделник го имаат дербито со Хрватска. Катарците после овој пораз остануваат на два бода.