Репрезентациајта на Хрватска во третото коло во прелиминарната рунда на Светското првeнство во Египет го победи Катар со 26:24 и обезбеди пласман во главната фаза.
Избраниците на Лино Червар благодарение на оваа победа завршија како први во групата Ц и пренесоа три бода во новоформираната група. Ракометарот на Металург, Златко Хорват во изјава за хрватски 24sata.hr истакна дека како победници во групата им пораснала самодовербата.
„Дојдовме како први во групата, можеби посакувавме да биде со четири бода но и вака е добро. Одлучуваме сами за себе и се е онака како што посакувавме пред да дојдеме во Египет. Самодовербата ни се зголеми и после Ангола се зголеми позитивната атмосфера. После натпреварот со Катар се виде дека се враќаме во онаа форма која ја имавме на претходното првенство“, рече Хорват.
Хрватска својот прв дуел од главната фаза го игра денеска во 18 часот, а противник ќе им биде репрезетацијaта на Бахреин. Во овој дуел Хрватите влегуваат како фаворити и се освен победа ќе биде неуспех.