Репрезентативците на Словенија денеска забележаа победа против Македонија на стартот на втората рунда со 31:21 и најавија битка до крај за пласман во четврт-финалето.
Словенците после средбата имаа можност да прослават, а воедно му укажаа и голема чест на селекторот Љубомир Врањеш.
Тие го честитаа роденденот на неговата ќерка откако снимија видео и го поставија на интернет така што овозможија селекторот да се почувствува горд на неговите момци кои играат одлично на ова првенство.
Како изгледаше честитката погледнете во видеото во продолжение.