Нема повеќе пцовки за време на тајм-аут на Мундијалот

Репрезентативците на Русија ветија дека ќе се обидат до крајот на Светското првенство повеќе да не користат пцовки за време на тајм-аутите. Тие се покажаа во издание кое не им се допадна во Русија, па роднините и пријателите побараа да бидат воздржани особено поради фактот што преносите од натпреварите ги следат и децата.

Ова се случи за време на натпреварот против репрезентацијата на Словенија кога биле користени непристојни ирази на телевизија за да се опише решеноста да се победи составот на Словенија.

„Би сакал да се извинам за фактот што јас и Житников доволивме да исфрлиме емоции на овој начин. Во тој момент тимот имаше емотивно воздигнување, па не забележавме дека покрај нас има камера со микрофон, Истите зборови можат накратко да ја опишат ситуацијата што се појави на теренот во тој момент. Доколку ситуацијата беше поинаква, основно на трибините имаше гледачи и свиреше музика како што е обичај на ваквите натпреварувања тогаш мислам дека ова ќе се избегнеше“, вели поранешниот ракометар на Вардар и репрезентативец на Русија, Данил Шишкарев.

Тој смета дека сега ќе мора далеку повнимателно да се пристапува на натпреварите и да се внимава и на сите зборови со кои се искажуваат емоциите.

„Тешко е да се контролираат емоциите на вакви натпревари. Од страна не се гледа ништо друго освен момците и тренерот. Во такви моменти исто така е тешко да се земе предвид овој момент. Дури отпосле сфаќате што се скучило откако ви напишале вашите роднини или пријатели“, коментира Шишкарев.

Русија е противник на Македонија во вториот круг на Светското првенство. Натпреварот е в петок од 15:30 часот.