ИХФ ги потврди саатниците – Македонија три пати ќе игра во „ручек време“

Три европски селекции се на списокот на нови противници на репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Египет,  првиот ривал веќе в среда е селекцијата на Словенија.

Терминот во кој нашата селекција ќе ги игра трите меча е попладневниот од 15:30 часот. Домаќинот Египет секогаш ќе игра во централниот термин од 18:00 часот, додека Швеѓаните го добија вечерниот од 20:30 часот.

Македонија в среда игра против селекцијата на Словенија, в петок дуелот е против Русија, а в недела ривал ќе биде Белорусија. Со оглед на тоа што во четвртфиналето одат само првите две селекции мисијата е многу тешка, но важно е да се одигра добро.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, ВТОРА ФАЗА, РАСПОРЕД, ГРУПА 4

1.КОЛО (20 ЈАНУАРИ)
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА, 15:30 ЧАСОТ

2.КОЛО (22 ЈАНУАРИ)
МАКЕДОНИЈА – РУСИЈА, 15:30 ЧАСОТ

3.КОЛО (24 ЈАНУАРИ)
МАКЕДОНИЈА – БЕЛОРУСИЈА, 15:30 ЧАСОТ