Нема причини за грижа – Танкоски ќе биде подготвен за Словенија

На вчерашниот натпревар против Чиле во второто полувреме, Марио Танкоски доби удар во коленото и не влезе во игра до крајот.

Средниот бек ја напушти играта со болна гримаса и поткривнуваше, но се чини дека нема причини за загриженост бидејќи не станува збор за сериозна повреда.

Медицинскиот тим на нашата репрезентација прави напори да биде способен за настап на дуелот со Словенија, прв за нас во главната рунда.

Потоа не чекаат уште две средби против Русија и Белорусија, на 22 односно на 24 јануари.