Македонија во третиот обид ја забележа првата победа на Светското првенство кое се одржува во Египет.
Избраниците на Данило Брестовац го совладаа Чиле со 32-29, а овој триумф малку ја подгреа атмосферата во македонската јавност.
Популарниот актер и шоумен Игор Џамбазов на социјалните мрежи им ја честита победата на ракометарите над јужноамериканскиот ривал.
„Тепавме. Нема со Чиле, циле-миле“, напиша Џамбазов.
Македонија во главната рунда на Светското првенство ќе игра против Русија, Словенија и Белорусија.
View this post on Instagram