По двете слаби изданија против домаќинот Египет и против Шведска, Македонија успеа да слави во последниот дуел од групната фаза против Чиле со 32-29.
Еден од најдобрите поединци беше пивотменот Жарко Пешевски, кој постигна пет погодоци.
„Одигравме добро против Чиле, репрезентација за која се подготвувавме пред СП. Нашата форма ќе станува подобра како се развива првенството, сега не очекуваат три тешки меча против Белорусија, Словенија и против Русија. Сакаме и со нив да одиграме добро и решени сме да стигнеме што е можно подалеку“, изјави Пешевски.
Македонија во втората фаза ќе игра против Словенија, Русија и Белорусија редоследно. Првиот меч се игра на 20 јануари.