Со победата против Алжир со 26:19 во рамките од групата Ф, селекцијата на Португалија обезбеди максимален број на бодови од трите победи и во следната фаза влегува како потенцијален кандидат за добра позиција во четврт-финалето.
Добрата игра на репрезентативците на Португалија која главно се базираше на контра напади, донесе предност од 7:5 во 15. минута од натпреварот. Алжир со головите на Ајуб Абди се одржуваше во резултатска игра. Сепак, искуството на Португалците и нивната добра одбрана беше клучна за пет гола разлика на полувреме, 14:9.
Во 33. минута, Алжир остана без пикерот, Хичем Каабеше кој поради трето исклучување доби црвен картон и мораше да го напушти натпреварот.
Со опуштањето на Португалците, Алжир во еден момент се обиде да го загрози водството на Португалија и намали на четири разлика, 20:16. Во 44. минута се вклучи алармот кај Португалците, после голот на репрезентативецот на Алжир, Зохир Наим за 20:17.
Во последните десет минути и двете репрезентации имаа неколку грешки, но Португалија со рутинска игра ја зголеми предноста и успеа да дојде до седум разлика со што дојде до третата победа во својата група и пренесува максимални четири поени во втората фаза.