По триумфот над Исланд, селекцијата на Португалија ја запиша и втората победа во групната фаза. Избраниците на Пауло Переира иако имаа мали проблеми во првиот дел, потоа со убедлива игра во второто полувреме славеа над Мароко со 20-33.
Африканскиот ривал отвори одлично и поведе со 7-2, потоа беше 9-4, но како одминуваше времето така Португалија се враќаше во мечот и до крајот на полувремето израмни на 12-12.
Мароко во слична ситуација беше и против Алжир, кога водеше со плус седум и на крајот загуби. Во вториот дел Португалците поведоа со 13-14, и оттогаш уште една серија од девет голови за плус десет, 13-23 и беше јасно што ќе биде до крајот.
Лесно беше приведен мечот до крајот за втора победа и пласман во вториот круг. Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Портела со седум, како и Итуриза, Мартинс и Бранкињо со по пет, а кај Мароко, пет гола даде Харшауи.