Шампионот на Шпанија и актуелен вицешампион од Лигата на шампионите, Барселона ќе има тешки денови во јануари бидејќи нема да има можност да се одработуваат тренинзи со оглед на тоа што дури 15 играчи се повикани во националните тимови за СП, а двајца се на листата на повредени.
Според ова на тренерот Чави Пасквал му останаа само тројца играчи на располагање што е далеку од доволно за да може да одработи добар тренинг во текот на овој месец.
На тренинзите на Барселона можат да се појават искусниот пивот одФранција, Седрик Сорендо, како и младите крила Алекс Пасквал и Мамаду Диоку. На листата на повредени се Данецот Каспер Мортенсен и Исланѓанецот Арон Палмарсон.
За селекцијата на Шпанија се повикани Де Варгас, Ентрериос, Арињо и Гомез. Во Франција се најдоа Н’Гесан, Мем и Фабрегас, а за Словенија ќе играат Доленец, Јанц и Макуц. Меѓу репрезентативците на Бразил се Лангаро и Петрус, Фраде ќе настапи за Португалија, Милер за Данска, а Циндриќ за Хрватска.
Доколку дел од овие играчи останат до крај во Египет односно до 31 јануари тогаш Пасквал ќе има само 2-3 дена да ги подготви за првиот натпревар од продолжението од Лигата на шампионите бидејќи на 3 февруари Барселона ќе игра против тимот на порто.