Наместо на 1 февруари, Вардар ќе стартува порано со натпреварите

Ракометарите на Вардар ќе ги започнат подготовките за вториот дел од сезоната на 11 јануари во некомплетен ростер.

Долгата серија натпревари од десет меча што требаше да се игра од 1 февруари, ќе започне на 28 јануари, откако беше променет терминот на средбата со Војводина.

Тој натпревар со српскиот првак требаше да се игра на 28 февруари има нов термин и ќе се игра на 28 јануари, додека и средбата со Мотор Запорожје доби нов датум.

Наместо претходно договорениот термин 13 февруари, овој дуел ќе биде на програмата на 28 февруари, бидејќи вардарци во меѓувреме ќе треба да ги играат и редовните и одложените натпревари од Лигата на шампионите.

28.јан00:00ВардарВојводинаСЕХА лига, 3 коло
01.фев00:00ВардарНексеСЕХА лига, 2 коло
04.фев20:45ПортоВардарЛига на шампиони, 9 коло
09.фев18:45ПСЖВардарЛига на шампиони, 6 коло
11.фев00:00ФленсбургВардарЛига на шампиони, 11 коло
14.фев18:00ПИК СегедВардарЛига на шампиони, 3 коло
17.фев00:00ВардарПИК СегедЛига на шампиони, 12 коло
21.фев18:00ВардарЕлверумЛига на шампиони, 2 коло
24.фев00:00ЕлверумВардарЛига на шампиони, 13 коло
28.фев00:00Мотор ЗапорожјеВардарСЕХА лига, 3 коло