Словачката ракометна федерација објави дека кај повеќе од нивните репрезентативци е утврдено присуство на коронавирусот.
Тоа значи дека еден од домаќините на следното Европско првенство нема да ги одигра двата планирани натпревари против Унгарија, која се подготвува за настап на Мундијалот.
Целата репрезентација ќе оди во карантин, а двете средби со Унгарија што требаше да се играат следнава недела се презакажани за март.
Словачка и во претходниот ЕХФ термин не играше натпревари против Хрватска и Шпанија, па ќе има за играње дури четири заостанати средби.
Откажани се и пријателските натпревари со Романија, што требаше да се играат кон средината на јануари.