Пивотот на екипата на Кил и репрезентативец на Германија, Хендрик Пекелер одигра одличен турнир во Келн. Тој го доби признанието за МВП на турнирот откако се најде во изборот пред своите колеги Екберг, Сагосен, Ландин… кои исто имаа забележителни партии.
Пекелер во полуфиналето доминираше особено во нападот каде што успеа да постигне осум гола со што беше меѓу најефикасните на средбата.
Во финалето Пекелер имаше одлично издание во одбраната во денешното финале, а во нападот четирипати ја затресе мрежата на голот на Барселона.
Сепак, при изборот клучна беше неговата севкупна игра и поради одличното издание во одбраната се најде пред колегите. Воедно беше и константен во двата дена и играч кој направи разлика на теренот на двете средби.
Моментот од примањето на наградата може да се види во видеото во продолжение.
Congratulations to @HendrikPekeler, MVP of the @VELUX #ehffinal4 2020! 🔥@thw_handball #ehfcl pic.twitter.com/EPVJcY0VDv
— EHF Champions League (@ehfcl) December 29, 2020