Барселона славеше против ПСЖ со 37-32 во првото полуфинале од завршниот турнир во Лигата на шампионите и обезбеди место во финалето.
Тренерот на каталонскиот гигант, Чави Пасквал, е задоволен по ваквата убедлива победа над францускиот тим.
„Беше тешко за нас, барем на старот, затоа што ПСЖ лесно ја пробиваше нашата одбрана. Потоа почнавме да играме според планот и направивме притисок. Предноста што ја стекнавме на крајот на првиот дел беше солидна. На стартот на вториот дел исто така почнавме добро и задоволен сум што победивме ривал како ПСЖ“, изјави Пасквал.
Барса во финалето ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Веспрем и Кил, додека ПСЖ во битка за третото место ќе игра со пораззениот од овој двобој.
ПСЖ не е Вардар, тргна по пресврт, па претрпе катастрофа од Барса