Тимот на Барселона славеше над ПСЖ со 37-32 и обезбеди пласман во финалето на завршниот турнир од Лигата на шампионите.
Тренерот на францускиот тим, Раул Гонзалес, смета дека отсуствата во тимот и слабиот финиш на првиот дел, се причина за поразот.
„Сакам да им честитам на Барса и да им посакам среќа во финалето. Ние стартувавме одлично, но потоа ни падна концетрацијата, па на противникот му дозволивме да игра. Во вториот дел пробавме да направиме камбек, но тоа беше невозможно, Барселона беше многу цврста во одбрана. Ни беше тешко да играме без Тофт Хансен и Никола Карабатиќ. Барселона беше добро подготвена за нашата игра“, изјави Раул.
ПСЖ ќе се соочи со поразениот тим од второто полуфинале меѓу Веспрем и Кил, додека Барселона го чека победникот од овој меч во финалето.
ПСЖ не е Вардар, тргна по пресврт, па претрпе катастрофа од Барса