Репрезентативките на Хрватска се апсолутен хит и изненадување на Европското првенство, а нивните перфектни изданија привлекоа многу внимание.
Една од најзаслужните за добрите резултати е голманката Теа Пијевиќ. Нејзината колешка од националниот тим која поради повреда не настапува на ЕП, Ивана Капитановиќ, за хрватскиот 24sata.hr откри итересни детали за голманката.
„Теа не е посебна само по стилот на бранење, туку и по стилот на одење во штикли. Таа обожава бурек и сака да го слуша Мишо Ковач. Заедно изведовме филмско бегство од Франција. И да, таа е среќно зафатена“, откри Капитановиќ за хрватскиот медиум.
Репрезентациајта на Хрватска од досегашните пет натпревари има четири победи и еден пораз, а се чини дека решавачката битка за полуфиналето, ќе ја води против селекцијата на Германија.