Селекторот на женската француска репрезентација, Оливие Крумболц, го скрати списокот на ракометарки пред стартот на Европското првенство.
Тој ќе смета на 20 ракометарки за континенталниот собир, а меѓу нив се и три поранешни ракометарки на ЖРК Вардар.
Голманката Амандин Лејно, левото крило Сираба Дембеле Павловиќ и десниот бек Александра Лакрабер, како најискусни ќе ги предводат соиграчите на ЕП.
На списокот поради повреда ја нема Алисон Пино, но од поискуснните тука се Естел Нзе Минко од Ѓер и голманката на Брест, Клеопатра Дарле.
Подмладената селекција на Франција ќе игра во група со Словенија, Црна Гора и домаќинот Данска.