Денеска на терените: Ристовска на тешко гостување во Звенигород

Првиот натпревар од денешната програма на натпревари низ Европа носи дуел на кој ќе има настап на репрезентативка на Македонија.

Сара Ристовска ќе има тешко гостување со тимот на ЦСКА Москва кај составот на Звезда Звенигород и дефинитивно ова ќе биде двобој во кој нијанси ќе одлучуваат за побендикот.

ЦСКА Москва игра во одлична форма, па тоа може да има голема улога на денешниот дуел така што гостинките имаат голема шанса за да стигнат до победата. Сепак, треба тоа да се потврди и на теренот.

Од екипите кои настапуваат во Лигата на шампионите денеска на терен ќе се најде Барселона која ќе има само полесен тренинг натпревар против Виља де Аранда.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

17:00ч

ЗВЕЗДА ЗВЕНИГОРОД – ЦСКА МОСКВА (Русија Супер лига, жени)

18:00ч

БАРСЕЛОНА – ВИЉА ДЕ АРАНДА (Шпанија Асобал)

ВИСЛА ПЛОЦК – ПЈОТРКОВИЈАН ПЈОТРКОВ (Полска Супер лига0

18:30ч

ЕСБЈЕРГ – ГОГ (Данска, Сантандер куп)

19:00ч

ТИШПАВАСВАРИ – ХАТВАНИ (Куп на Унгарија)

ОНЕРЕДС – СКУРУ (Шведска 1, жени)

20:00ч

ВАЉАДОЛИД – ЦИСНЕ (Шпанија Асобал)

20:30ч

СКЈЕРН – СКАНДЕРБОРГ (Данска, Сантандер куп)

22:00ч

СПОРТИНГ – САНЈОАНЕНСЕ (Португалија 1)