Освежување во националниот тим – Дарко Георгиевски шутираше без грешка (ВИДЕО)

Македонија без поголеми проблеми ја совлада селекцијата на Финска со 33-24 и ги освои првите бодови во квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка во 2022 година.

Покрај одличната партија на капитенот Лазаров, кој постигна 11 погодоци, и стандардните Пешевски и Кузмановски, се истакна и новакот во националниот тим, Дарко Георгиевски.

Левиот бек на францускиот Анже доби шанса од селекторот Брестовац и ја искористи на најдобар можен начин. Постигна три погодоци од три обиди за петнаесетина минути на теренот во моментите кога Финска успеа да намали на минус пет.

Погледнете ги погодоците на Георгиевски…