„Позитивен“ тренер во сениорската репрезентација пред квалификациите за ЕП

Машката репрезентација на Македонија вечерва ги започнува подготовките за првите два квалификациски натпревари за место на Европското првенство.

Стручниот штаб на нашиот национален тим ќе биде ослабен, бидејќи на тестирањето пред собирот, утврдено дека тренерот на голманите Александар Царчев е позитивен на Ковид-19.

Тој објави за позитивниот тест на социјалните мрежи и им посака среќа на голманите на дуелите со Финска и Швајцарија. Голманското трио на овие две средби ќе го сочинуваат Мартин Томовски, Марко Кизиќ и Никола Митревски.

Првиот натпревар со Финска се игра на 4 ноември во Скопје од 20:00 часот, додека натпреварот со Швајцарија е на програмата на 7 ноември од 18:30 часот.