Рускиот репрезентативец Сергеј Горбок, кој летово стави крај на ракометната играчка кариера во моментов работи како тренер во женскиот одбојкарски клуб Јанта Волеј Форца, каде тренираат и трите негови ќерки.
Го прашавме дали размислува да го смени спортот, а тој вели:
„Почнав да помагам во одбојка, работам како кондиционен тренер во Јанта Волеј Форца, клубот во кој ми тренираат ќерките. Интересно ми е затоа што никогаш не сум работел како тренер, а и знам толку работи од ракометот, а сега ги гледам од поинаков агол. Можам да кажам дека во клубот правиме мали, но правилни чекори напред. Не значи тоа ништо! Само дека имам време и наместо да се излежувам по дома или да седам во кафеана, избрав да волонтирам во клубот, да помагам и да го проверувам моето знаење и да соработувам со други тренери. Секако дека знам повеќе ракомет, но сакам и општо да знам за спортот. Во Русија учам за ракометна тренерска лиценца. Завршив со Модул 1, ми остана Модул 2, но поради пандемијата малку се пролонгираа работите. Мене ми е важно да ја земам дипломата, па после ќе видиме дали ќе работам во ракомет или во некој друг спорт. На овој начин и се обидувам да се посветам малку и на ќерките и на тоа што нив ги прави среќни.“
Целото интервју со Сергеј Горбок може да го прочитате во продолжение…