Карачиќ: На тимот одлично му оди, а парите не се проблем во Келце – трипати е подобро од лани!

Екс вардарецот Игор Карачиќ веќе втора сезона е дел од полскиот Келце и стана лидер на тимот на Талант Душебаев.

Тој во изјава за sportske.jutarnji.hr говореше за формата на екипата во новата сезона, финансиите и јазикот.

 „Мислам дека сме добри оваа сезона, а забележувам и дека Талант Душебаев, нашиот тренер е задоволен и вели дека конечно има тим каков што посакува. Малку јас, малку Алекс, некогаш одбраната, некогаш Вулф и добро ни оди. Финансиите се стабилни, договорот со пиварата е на четири години, можам да кажам дека сè е подобро па и трипати подобро од лани. Јас сум задоволен, а дури и проговорив полски со правилен акцент“, рече Карачиќ.

Исто така хрватскиот репрезентативец ја истакна загриженоста заради корона кризата и одржувањето на претстојните репрезентавини собири и квалификациски дуели.

„Има голем број заразени и во Полска како и секаде. Не знам како ќе оди собирот на репрзентациите, од седна страна сите сакаме да се собереме, но од друга страна што ќе се случи кога ќе се вратиме во клубовите никој не може да претпостави. Како и да е треба да се чуваме самите и луѓето околу нас, а особено постарите. Да се надеваме дека до Египет и Токио сè ќе биде подобро“, заврши Карачиќ.