Екипата на Еурофарм Пелистер на 24 ноември треба да гостува во Германија кај екипата на Рајн Некар, а ова е противникот кој остана без еден од своите поискусни ракометари.
Поранешниот репрезентативец на Исланд, Александер Петерсон ќе биде надвор од терените неколку недели, а проблемот не е коронавирусот.
Петерсон има повреда на раката која ја доби на дуел од Бундес лигата. Тој се повреди на дуелот против Лајпциг така што ќе мора да одмора.
Инаку, станува збор за 40-годишен ракометар кој не е во можност да им помогне на колегите на следните неколку средби, а сигурно нема да биде и на дуелот против Еурофарм Пелистер во 4. коло од Лигата на Европа.
Рајн Некар ги има на располагање Албин Лагерген и Никлас Киркелоке на десната бековска позиција.