„Фармацевтите“ го одработија последниот тренинг, без тројца ракометари во Данска (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија последниот тренинг пред заминувањето во Данска, каде во вторник ќе го одиграат својот прв натпревар од Д групата на Лига Европа.

По вчерашните негативни тестови на Ковид-19, тренерот Жељко Бабиќ доби уште една позитивна вест. Цела недела екипата тренира во полн состав и хрватскиот стручњак со најсилниот ростер ќе патува за Гудме.

Од комбинација за настап поради тактички причини, отпаднаа левиот бек Дејан Кукуловски, десното крило Милан Ѓукиќ и пикерот Елмир Граџан, кои ќе чекаат нова шанса да го одиграат првиот официјален натпревар за Еурофарм Пелистер во новата сезона.

Битолчани утре напладне имаат лет од Скопје за Малме, па автобуски превоз до Гудме. Во вторник наутро предвиден е лесен тренинг и прв контакт со салата каде ќе се одигра натпреварот.

Овој дуел е премиера за пелистерци, а ГОГ Гудме веќе го одигра првиот натпревар во групата, откако во вторникот загуби во Швајцарија од Кадетен Шафхаузен со 29-28.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија последниот тренинг пред заминувањето во Данска, каде екипата во вторник ќе го одигра својот прв натпревар од Д групата на Лига Европа.