Екипите на Текстилец и Делчево Вардар кои се борат за плеј-оф во Групата Б ремизираа на дуелот од 6. коло така што од овој резултат најзадоволни се во Вардар Неготино, тим кој нема да ги игра своите средби од овој викенд поради тоа што неколку играчи се позитивни на Ковид 19.
И двата тима кои денеска се надигруваа во Гевгелија беа со намален ростер, а во една таква комбинација никој не успеа да се покаже во подобро издание. Резултатот постојано беше неизвесен. Практично од почеток се играше гол за гол и нијанси решаваа кој ќе дојде до предност.
Во една таква игра составот на Делчево Вардар имаше гол предност на паузата од 15:14. Oвој гол не гарантираше ништо бидејќи веднаш беше достигнат на стартот на вторите 30 минути и одново неизвесноста беше на сцена.
До крајот имаше моменти и за едната иа другата екипа. Делчево Вардар имаше прво три гола предност при 20:17, а потоа откако противникот намали на гол негатива и од четири, при 24:20. До крајот и Текстилец најде начин да се врати, па стигна до нерешени 26:26 со што пленот беше поделен.
Сега и двете екипи зависат од играта на Вардар Неготино во последните две кола односно на натпреварите кои дополнително ќе бидат одиграни. Денеска неготинци требаше да играат проти в Партизан, а во последното коло Делчево Вардар е противникот со кој треба да се соочат на теренот.
ТЕКСТИЛЕЦ – ДЕЛЧЕВО ВАРДАР 26:26 (14:15)
Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Војо Христовски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Ѓорѓи Дучков од Гевгелија.
ТЕКСТИЛЕЦ: Атанасов, Петров 4, Јованов 3, Миланов, Јахјајов 6, Ристов 3, Митрев 3, Трајков 7
Седмерци: 2/2, Исклучувања: 14 мин.
ДЕЛЧЕВО ВАРДАР: Лазаревски,Г. Ѓоргиевски 3, Ѓорѓиев 7, И. Ѓоргиевски 5, Јанков, Велков, Дамјанов, Чучуроски, Стоименовски 2, Тренчевски, Стоиловски 7, Манов 2
Седмерци: 4/6, Исклучувања: 10 мин.