Ракометарите на Драчево, иако од претходно го осигураа местото во плеј-офот, сепак не препуштија ништо на случајот и забележаа нова победа во 6. коло од Првата лига.
Избраниците на Велимир Настески славеа убедлив триумф над Кичево со 26-42, а на полувремето имаа плус 12, 11-23.
За Драчево не настапија дел од поискусните ракометари, но и без нив, помладите немаа тешка задача против Кичево.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Филип Дабевски со осум и Иван Ангелов со седум погодоци, додека кај Кичево се истакнаа Кристијан Смилески и Александар Мирчески со по седум голови.