„Тимот треба да го даде новиот репрезентативен лидер“

На почетокот беше Пепи Манасков лидер на националниот тим, по него Кирил Лазаров ја превзема таквата одговорност, а сега доаѓа нова генерација, во која во разговор за 24ракомет, ракометарот на векот не спомена имиња, туку потенцираше дека тимскиот дух треба да го даде новиот предводник на репрезентацијата.

„Тимскиот квалитет го исфрла лидерот. Без тимски дух не можеш да имаш лидер, а тој истовремено ќе се изгради сам преку тимот. Треба и да имаш многу атрибути за да дојдеш до таква позиција и карактерно и играчки и со искуство. Кире е лидер во моментов, но тој е во залезот на кариерата, а сега чекаме да видиме дали некој ќе се наметне. Тоа е многу индивидуално. Треба и да сакате да бидете лидер, да превземете одговорност, да решите натпревар, да застанете позади играчите, тренерот, управата, да верувате во она што го правите. Сето тоа склопено е лидерството. Играч со карактер, темперамент и со играчки способности, кој се наметнува на самиот тим, на селекторот, и од целото опкружување да стекне доверба и тоа да го исфрли и во него да гледа лидер. Јас цел живот бев капитен и на клупски план и на репрезентативен, но клубот или селекцијата беше таа која ме избираше мене, тимот ми ја даваше довербата. Целиот тој процес не е воопшто едноставен.“

Интервјуто со Пепи Манасков може да го прочитате во продолжение.

ИНТЕРВЈУ ПЕПИ МАНАСКОВ: Ракометарот на векот во Македонија оставен на маргините