Пепи Манасков: Червар ги лимитираше играчите

За разлика од Дејан Манасков избра да гради интернационална кариера и тоа многу успешна, вториот син на нашата легенда, Пепи Манасков, Мартин остана да игра во домашни рамки.

Пепи посочува дека поранешниот стратег на Металург, Лино Червар има влијание за тоа.

„По мене Мартин требаше да го ’скрши’ мразот уште во Металург, а за тоа е виновен Лино Червар. На некој начин тој ги лимитираше играчите како Мартин, Талески, Кузмановски… и тие до ден денеска ги чувствуваат последиците. Од една страна сакаше млади играчи, но и бркаше резултат, и притоа тоа и му беше изговорот. Велеше дека ги има најдобрите млади играчи во Македонија, со мене се, учат, напредуваат, но факт е дека тие не ја добиваа вистинската шанса за да играат, никогаш докрај тие не ја имаа неговата доверба. Тука се направени тие пропусти и играчите ги влечат последиците од тоа и не случајно и Кузмановски и Талески делуваат како да се со „кочница“ како нешто да недостасува, како да се недооформени. Според мене тие и прерано заминаа од Македонија, со недоволно искуство, а тоа Западот не го трпи, таму мора да бидете подобар од домашниот играч, но од друга страна тие и избегаа од Металург.“

Целосниот разговор со Пепи Манасков може да го прочитате подолу.

ИНТЕРВЈУ ПЕПИ МАНАСКОВ: Ракометарот на векот во Македонија оставен на маргините