За да можеме да зборуваме за Марко Тарабокија како играч на Металург, моравме да се вратиме назад во времето и да дознаеме нешто што не може да се прочита на Википедија – неговите ракометни почетоци.
Приказната е интересна. Почнал да тренира ракомет поради девојка, и на крајот се заљубил во спортот.
„Со ракомет започнувам во основно училиште на 10 години и тоа беше како некоја дополнителна активност покрај наставата по физичко. Главната причина што почнав со ракомет е една девојка, повозрасна од мене, која ми се допаѓаше и која тренираше, па и јас почнав за да може да бидам поблизу до неа. Воопшто не ми ни беше на памет сериозно да го сфатам ракометот, девојката ми беше приоритет. (се смее) По само два тренинзи му се допаднав на тренерот, за месец дена почнав да тренирам во младата селекција на Загреб и брзо потоа се заљубив. Не во девојката (ништо не се случи со неа) туку во ракометот и еве веќе 20 години сме заедно“, шеговито се потсети Тарабокија на своите почетоци.
Комплетно интервју може да го прочитате во продолжение…
ИНТЕРВЈУ МАРКО ТАРАБОКИЈА: Страста за ракометот во Македонија ги „влече“ хрватските играчи и тренери