Македонската публика беше сведок дека новиот среден бек на Металург, Марко Тарабокија беше еден од најдобрите ракометари на Висла Плоцк во дуелите со Вардар во Лигата на шампионите. Неизбежно беше да прашам дали и сега со посебен мотив ќе игра против него?
„Мотивот доаѓа сам по себе секогаш кога играш со врвни екипи. Немам посебен мотив за посебни екипи. Едноставно кога ќе имаш врвен ривал против себе како Вардар и кога играш со такви големини од играчи и голмани, нормално е дека ќе даваш сè од себе. Се сеќавам на тој дуел меѓу Висла и Вардар, тоа ми е и еден од најдрагите натпревари досега во кариерата, кога игравме во Плоцк. Така се отвори мечот, едноставно така се случи. И сезонава ќе биде така се надевам и против Вардар и против ривалите во Европа.“
Интервјуто со Тарабокија прочитајте го во продолжение.
ИНТЕРВЈУ МАРКО ТАРАБОКИЈА: Страста за ракометот во Македонија ги „влече“ хрватските играчи и тренери