Впечатоците од одличната партија на ракометарите на Вардар против составот на Флензбург и понатаму се жешки и сите зборуваат за она што момците го покажаа на терен, а веќе почнува организацијата на следниот дуел.
В четврток од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ гостува составот на Порто. Тоа е дуел на кој се очекува од „црвено-црните“ уште еднаш да бидат на високо ниво и сигурно ќе биде интересно бидејќи доаѓа и Никола Митревски, кој брани во одлична форма.
Веќе се познати и арбитрите за овој натпревар. Тие доаѓаат од Хрватска, а се работи за Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица.
Делегат на оваа средба ќе биде Предраг Павичевиќ од Црна Гора.
Ова ќе биде само трет натпревар сезонава за Вардар во Лигата на шампионите бидејќи има и две одложение средби.