Ракометарите на Веспрем имаа сигурно издание против шампионот на Словенија, Целје во 4. коло од Лигата на шампионите. Екипата на Давид Дејвис славеше висока победа со 39:24.
Уште од самиот почеток домаќините најавија дека бодовите остануваат кај нив. Веспрем поведе со 4:1, а потоа и со 9:4 и веќе имаше добра предност пред продолжението. До крајот на првиот дел унгарскиот тим го контролираше натпреварот и стигна до позитива од седум гола 18:11.
Целје немаше сили да се спротивстави на противникот, на стартот на вториот дел веќе имаше заостанување од десет гола. Со рутинска игра до крајот на натпреварот Веспрем стигна до нови бодови и го задржа максималниот ефект.
Дејан Манасков беше дел од победата на Веспрем и придонесе со три погодоци. Најефикасен во победничкиот тим беше пикерот Нилсон со шест гола, а Борозан постигна пет. Во екипата на Целје најмногу се Гал Маргуч со седум гола, а Клјун погоди петпати.