Ракометарките на Чаир со негативни тестови, подготвени се за Наиса

Утре од 18 часот во салата во СРЦ „Кале“, екипата на Чаир ќе се соочи со составот на Наиса во дуел од елиминациите од Европскиот куп.

Задолжително пред натпреварите од европските купови мора да се направат тестови за Ковид 19, а резултатите се добри. Сите ракометарки на чаир се негативни на коронавирусот така што се подготвени за настап на утрешниот натпревар.

Ова секако е добра вест за Чаир и причина за добро расположение, а тренерскиот тим може да биде задоволен бидејќи на располагање ќе ги има сите ракометарки кои се во составот и се пријавени за игра.

Чаир утре ќе се обиде на првата средба да дојде до позитивен резултат за да може на реваншот да се бори за пласман понатаму. Ова ќе биде дефинитивно интересна средба во деби настапот за тимот од Скопје.