Страв од ширење на корона во Женската лига – одложен трет натпревар!

По дуелите меѓу Овче Поле СУ – Десппина и Чаир – Вардар, одложена е уште една средба од 5 коло во Женската лига.

Станува збор за натпреварот меѓу Пелистер и Ѓорче Петров, кој требаше да се одигра денеска во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Според информациите на 24Ракомет, од таборот на Ѓорче Петров ја известиле Ракометната федерација на Македонија, дека дел од ракометарките имаат симптоми на коронавирус, па натпреварот во Битола веднаш беше одложен.

Првите позитивни случаи во Женската лига се појавија во тимот на Деспина, па РФМ ги одложи двете средби на прилепчанки.