Фленсбург без најдобриот стрелец против Вардар

По повредите на Јоханес Гола и Јакуб Хајнл во текот на подготовките, екипата на Фленсбург, се соочува со нов проблем.

Следниот противник на Вардар во Лигата на шампионите, во Скопје ќе биде без данскиот лев бек Ласе Милер, кој е најдобар стрелец на последните неколку натпревари.

Милер ја повреди левата рака на натпреварот против Вецлар од Бундес лигата и ќе мора да оди на операција, па бундеслигашот на дуелот со Вардар ќе го има само Менса Ларсен на левата бековска позиција.

Фленсбург, иако се соочува со играчки проблеми, игра во одлична форма и во Бунес лигата и во Лигата на шампионите, па нема сомнеж дека Вардар го очекува тежок натпревар на 15 октомври пред празни трибини во Скопје.