Преспа лесно до триумф, уште во првото полувреме реши сè

Составот на Преспа стартуваше со победа која дојде и полесно од очекувањата против Риниа М со 32:23.

На дуелот кој се одигра во Кичево, Преспа уште во првото полувреме успеа да го реши овој дуел. Ракометарите од Ресен одиграа далеку подобро и во текот на целиот натпревар беа во предност.

Поведоа со 3:0, а овие три гола лесно ги зголемуваа во продолжение. Имаа контрола на играта, па до крајот на првиот дел разликата беше зголемена до осум погодоци.

Со осумте гола од првото полувреме немаше никаков роблем во продолжение од натпреварот да се дојде до сигурни три бода. Риниа М не успеа да следи така што остана на негатива од првото полувреме, па на крајот беше девет разлика.

Ова покажува дека Преспа би можела годинава да влезе во трка за висок пласман односно да се бори за едно од местата кои водат во плеј-оф.

РИНИА М – ПРЕСПА       23:32 (8:16)

Сала: „Јанчица“ во Кичево. Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

РИНИА М : Енес Мемеди, Тахири, Сејди, Емини 8, Стојчевски 4, Палоши, Весов 1, Мемети, Сулејмани 3, Исмаили 3, Туша, Енис Мемеди 4, Идризи, Маневски

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 10 мин.

ПРЕСПА: Беличовски, Тасевски, Ставревски 1, Мирков, Даскаловски 4, Камчев 3, Савевски 5, Божиновски 1, Ќосевски 2, Милошевски 1, Машковски 13, Ф. Георгиевски 2, Ј. Георгиевски.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 10 мин.