Металург им донесе радост на Македонците во Цирих (ФОТО)

Ракометарите на Металург се пласираа во групната фаза од Лигата на Европа, иако загубија на гостувањето кај Криенс со 22-21.

Тимот од Автокоманда имаше голема поддршка во Цирих од македонските иселеници, кои им дадоа ветар во грб на металурзи, кога домаќинот водеше со три гола разлика.

Поразот со вкус на победа им гарантира уште најмалку десет европски натпревари на металурзи, а ривалите ќе ги дознаат на 1 октомври.