Ракометарите на Металург го започнаа реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на Европа.
Ривал е швајцарскиот Криенс Луцерн, кој не игра во својата сала поради тоа што не ги задоволува критериумите на ЕХФ, па принудно домаќин е во Цирих.
Дел од многубројните Македонци во Швајцарија, и покрај тоа што е работен ден, решија да му дадат поддршка на нашиот тим во обидот да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа.
Металурзи бранат предност од два гола од првиот меч што го добија со 26-24.