Европската ракометна федерација во координација со клубовите ги одреди саатниците за натпреварите од второто квалификациско коло во Лигата на Европа.
Нашиот претставник Металург ќе се соочи со швајцарскиот тим Криенс Луцерн, а натпреварите ќе се играат на 22 септември во Скопје и на 29 септември во Цирих.
Дуелот во Скопје, ќе се игра од 20:45 часот, додека реваншот ќе започне од 18:45 часот.
Во претходното коло, тимот од Автокоманда го елиминираше хрватскиот претставник Спачва Винковци.
Доколку го мине Криенс Луцерн, Металург ќе обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Европа, каде што веќе е пласиран Еурофарм Пелистер.