Сите средби на ЕП во Норвешка ќе се играат во еден град

Пандемијата со коронавирусот и понатаму прави проблеми во организација на натпреварите, а најновиот доаѓа со организација на Европското првенство во декември во женска конкуренција.

Ракометната федерација на Норвешка која е коорганизатор на турнирот заедно со Данска одлучи средбите место во два града да се играат само во еден. Ставангер веќе не е во комбинација за организација и единствениот град каде ќе има натпревари во Норвешка од 3 до 20 декември е Трондхајм.

Веќе е познато дека на трибините ќе биде дозволено присуство од максимум 200 гледачи за да се намали ризикот од пренесување на вирусот. Воедно сето ова со организација на натпреварите во еден град се прави со цел да се минимизира ризикот од инфекција, да се намалат трошоците за патување на тимовите и официјалните лица…

Инаку, покрај Ставангер извиси и Осло. Главниот град на Норвешка исто така нема да биде домаќин на натпреварите од завршната фаза како што беше планирано. Последниот викенд на ЕП исто така ќе се одигра во Трондхајм.