Првиот ривал на Вардар на официјален натпревар во новата сезона, хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице забележа уште еден пораз на подготовките.
Избраниците на Хрвоје Хорват загубија на гостувањето кај ПИК Сегед, вторпат по ред, со убедливи 31-24.
Победата беше обезбедна уште по првиот дел, кога унгарскиот тим водеше со седум разлика, 15-8. Најдобар стрелец кај ПИК Сегед беше Бодо со шест голови, а пет даде Калман, додека кај Нексе се истака Јагањац со осум погодоци.
Реванш натпреварот од четвртфиналето на регионалната СЕХА лига меѓу Вардар и Нексе се игра на 29 август со почеток во 20:15 часот, а нашиот тим има предност од еден гол од првиот дуел кога славеше со 31-30.